Селекторот на ракометната репрезентација, Данило Брестовац, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе бидат во комбинација за стартот од новиот квалификациски циклус за ЕП 2022.
Македонија ги почнува новите квалификации со домашен натпревар против Финска на 4 ноември, по што нашите најдобри ракометари ќе патуваат за Швајцарија, каде ќе му гостуваат на составот предводен од Анди Шмит.
Брестовац според овој прв список не прави „рез“ во националниот тим, нешто што беше најавено по неуспехот на ЕП во Виена. Сепак, останува да се види кои ракометари ќе го минат кратењето на списокот и ќе се појават на стартот на подготовките на националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА