Брестовац го повика Велковски за претстојната ЕХФ-недела

Десниот бек на Работник, Мартин Велковски, е дополнително повикан во составот на македонската репрезентација за претстојната ЕХФ-недела. Поранешниот капитен на Металург доби повик од селекторот Данило Брестовац по повредата што ја заработи Мартин Серафимов, по што кормиларот на националниот тим беше приморан на рокада во последен момент.

Повредата на Серафимов не е премногу сериозна, но во ситуација кога младиот бек ќе биде неопходен на „металурзите“ во ЕХФ-Купот против Горење, разбирливо е да не се ризикува со еден од најталентираните македонски ракометари. Велковски подолго време беше повреден, неодамна се врати на терените, а сега ќе добие нова шанса за докажување во репрезентативниот дрес.

За време на ЕХФ неделата која ќе се одржи од 21.10.2019 до 27.10.2019 во рамки на подготвителниот период за настап на ЕП 2020, сениорската репрезентација на Македонија ќе одигра меѓународни пријатески натпревари против Турција и Грузија.

Се вчитува...