Брестовац го скрати списокот: Без Борко, со Стоилов и со Талески против Финска и Швајцарија

Борко Ристовски нема да се појави во таборот на македонската репрезентација на почетокот од новиот квалификациски циклус и дуелите со Финска и со Швајцарија, откако голманот на Вардар не се најде на скратениот список од 19 ракометари на селекторот Данило Брестовац.

„Вардарци“ по се изгледа нема да одат во самоизолација како што беше најавено пред два дена, бидејќи Брестовац ги повика и Стојанче Стоилов и Филип Талески, заедно со Мишевски и со младиот голман Кизиќ, да почнат со подготовки со остатокот од репрезентацијата. Сепак, кога станува збор за голманската позиција предност пред Ристовски добија Никола Митревски, Мартин Томовски и Марко Кизиќ.

Првиот квалификациски натпревар сениорите ќе го одиграат на 04.11.2020 (среда) против репрезентацијата на Финска.

Вториот натпревар против селекцијата на Швајцарија ќе се одигра во градот Цуг, Швајцарија со почеток во 18:30 часот на ден 07.11.2020 (сабота).

Се вчитува...