Брестовац го скрати списокот: Пет „металурзи“, четири „фармацевти“ и двајца „вардарци“

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, го скрати списокот од 19 играчи кои ќе треба да се појават на првата прозивка на националниот тим во пресрет на дуелите со Исланд.

Брестовац се реши за само двајца голмани, и тоа Ристовски и Митревски, а на списокот се наоѓа и младиот Костески од Струга, кој ќе се бори за место во финалниот тим со Георгиевски и со Поповски на позицијата десно крило.

На скратениот список на селекторот Брестовац има пет ракометари од неговиот клуб Металург, четири од Работник, а Стоилов и Поповски се двајцата членови на Вардар кои се во комбинација за настап против Исланд.

Се вчитува...