Брестовац го смени списокот: Манасков на местото на Крстевски, повикан и Томовски

Селекторот на македонската репрезентација, Данило Брестовац, во последен момент се реши за промени во составот на националниот тим во пресрет на понеделничкиот собир пред двомечот со Исланд.

Левиот бек на Пролет, Мартин Манасков, е дополнително повикан на подготовките, заземајќи го местото на Горан Крстевски, кој отпадна од комбинација поради повреда на рамото.

Воедно, дополнително повикан е и младиот голман на Металург, Мартин Томовски, како трет чувар на мрежата крај Борко Ристовски и Никола Митревски.

 

Првиот собир на репрезентацијата пред двомечот со Исланд е закажан за понеделник, во 13.30 часот.

 

Се вчитува...