Брестовац: Горд сум што покажавме дека можеме во низа да играме на едно високо ниво

Македонскиот селектор Данило Брестовац не го криеше задоволството од ремито против Исланд, и покрај отворената разочараност што триумфот го загубивме буквално во последните секунди. Но, Брестовац е задоволен што неговите избраници покажаа дека Македонија може да игра на едно високо ниво и мечеви во низа…

„Одигравме уште еден квалитетен натпревар. Мислам дека основното е на психолошки план да добиеме поголема самодоверба дека може да одиграме повеќе натпревари едноподруго на високо ниво. За мене задоволство претставуваат моментите кога гледам дека може да се вратиме и по негатива од неколку голови, но има и лоши моменти кои секако во иднина ќе мора да ги корегираме“ – истакна Брестовац притоа дополнувајќи:

„Со две победи, со Турција на гости и со Грција на домашен терен нашата амбиција е секако да завршиме на првото место во групата. Се уште е сега рано да зборуваме дали на тие натпревари шанса ќе добијат и некои други ракометари затоа што овие момци покажаа квалитет и јасно е дека и натаму ќе бидат темел на екипата“.

Се вчитува...