Брестовац: Имаме играчи кои можат секого да заменат во репрезентацијата

Македонската ракометна репрезентација со втора победа над Грузија ја комплетираше неделата на ЕХФ во која одигра четири натпревари, забележа три победи и едно реми. Селекторот, Данило Брестовац вели дека ја постигнал целта со тоа што им даде шанса на младите и понеискусни играчи од кои треба да направи селекеција и да реши со кои од нив ќе го дополни составот за Европското првенство во јануари.

„Момците на овие четири натпревари навистина сакаа да покажат дека заслужуваат да го носат дресот на македонската репрезентација. Имаме пет играчи кои не ни се воопшто во ростерот. Со ова што го видовме на овие четири средби мислам дека конкуренцијата се заострува. Можеби не веднаш следната година, но за две – три години ќе биде чест да се биде во националниот тим. Ќе продолжиме со овој терк и почесто со вакви собири и повеќе натпревари. Можеме слободно да кажеме дека имаме играчи кои можат секого да заменат во оваа репрезентација. Базата ја имаме, важно е да не се плашиме дека ако нешто му се случи на некој од играчите ќе немаме кој да го замени. Со правилна работа и трпеливост за неколку години ќе имаме навистина добра и комплетна репезентација. имаме проблеми во фазата на организација на играта, но ќе има кој да покрие. До Европско првенство ќе можеме да оспособиме 12 играчи кои ќе бидат солидни и за втора фаза на ЕП“ – вели Брестовац.

Се вчитува...