Брестовац: Имавме многу повредени, тоа е една од причините за поразот

Македонија со пет порази и една победа го заврши настапот на СП 2021 во Египет, откако нашите ракометари денеска загубија во пресметката со Белорусија.

Селекторот Данило Брестовац причината за поразот ја потенцираше во грешките во второто полувреме, но и во проблемите со повредите со кои се соочи во последните денови од шампионатот.

„Не ни беше важно кое место ќе завршиме, сакавме да играме добар меч и да победиме. Натпреварот беше тежок, но во второто полувреме направивме премногу грешки. Исто така, имавме многу повредени, тоа беше една од причините за поразот денеска“, изјави Брестовац.

Се вчитува...