Брестовац избра комбиниран тим за „Трофеј Карпати“

Данило Брестовац го објави списокот од 19 ракометари на кои македонскиот селектор ќе смета за претстојниот турнир „Трофеј Карпати“ во Романија.

Кормиларот на „црвено-жолтите“ ги потврди најавите дека Македонија на овој турнир ќе настапи со експериментален состав, а од поискусните ракометари во Романија ќе патуваат само Никола Митревски и Велко Маркоски.

Македонија најпрвин ќе одигра контролен натпревар во Белград против селекцијата на Кувајт, по што ќе бидат дел од „Трофеј Карпати“ од 26 до 29 декември.

По новогодишните празници националниот тим ќе се комплетира на 2 јануари и веднаш ќе отпатува за Словенија, каде ќе ја мине последната фаза од подготовките пред ЕП 2020.

Се вчитува...