Брестовац избра – ова е тимот на Македонија за мечот со Финска

Македонскиот селектор Данило Брестовац го објави списокот на ракометари кои ќе ги бранат боите на националниот тим на вечерашниот дуел против Финска (20 часот, СЦ „Борис Трајковски), на стартот од квалификациите за ЕП 2022.

Брестовац во текот на подготовките се соочи со неколку проблеми, поради коронавирус остана без помошта на Танкоски, Велковски и на Мартин Поповски, по што беа направени неколку рокади во националниот тим.

Најважно од се останува присуството на капитенот Кире Лазаров, крај него се и Манасков и Стоилов како долгогодишни членови на репрезентацијата, во која во последен момент беше вклучен и специјалистот за игра во одбрана, Велко Маркоски.

Никола Митревски ќе ја има улогата на прв голман, а покрај него на списокот се наоѓа и голманот на Лудвигсхафен, Мартин Томовски.

Се вчитува...