Брестовац ќе прозива, па репрезентацијата веднаш ќе „лета“ за Турција

Селекторот на ракометната репрезентација, Данило Брестовац, денеска ќе ја одржи првата прозивка во рамките од ЕХФ-неделата во која нашиот национален тим ќе одигра четири контролни средби. „Црвено-жолтите“ ќе минат само неколку часа во Скопје, бидејќи вечерва веднаш ќе полетаат за Турција, каде во следните два дена ќе излезат на мегдан со селекциите на Турција и на Италија.

Македонската експедиција за Ешкишехир ќе биде ослабена со неиграњето на дел од клучните ракометари, откако Брестовац реши на овие две средби шанса да им даде на дел од помладите играчи, да се наметнат на помалку од три месеци до почетокот на ЕП 2020.

По дуелите со Турција (вторник) и Италија (среда), нашите ракометари ќе се вратат назад во Скопје, каде на националниот тим ќе им се приклучат Лазаров, Манасков, Талески… Така, „црвено-жолтите“ во значително засилен состав ќе ги одиграат последните две контролни средби во оваа ЕХФ-недела, во Скопје против Грузија в петок и в сабота.

Се вчитува...