Брестовац: Ќе се потпреме на играта од претходно, време за измени нема

Македонската ракометна репрезентација во следната седмица е пред големо искушение во продолжението од евроквалификациите. Со новиот селектор Данило Брестовац оди на тешкиот двомеч против селекцијата на Исланд. Брестовац вели оти време за големи промени нема, ќе менува за вториот натпревар. За првиот ќе се потпира на претходните искуства на репрезентативците.

„Ќе се обидеме да работиме на тактички детали, ќе се потпрам на тоа што го играа ракометарките претходно, ќе направиме мали измени. Корекциите и промените ќе ги оставиме за вториот натпревар. На секоја средба ќе одиме на подобар резултат и на победа. Со тој несреќен проаз од Грција ни се нарушија плановите околу подмладувањето и одморањето на некои играчи. Ако бидеме сериозно ангажирани мислам дека не би требало да дојде в предвид да не учествуваме на Европското. Со една победа против Исланд ќе си обезбедиме палсман. Се надевам барем на една победа од овој двомеч“ – вели Брестовац на првиот ден од репрезентативниот собир.

Селекторот вели дека притисокот што го носат двете средби против Исланд добро ќе делуваат на него. Вели добро се познаваме, нема тајни, ние ќе мораме посилно во одбраната.

„Затоа на овој спискок имама двајца одбранбени играчи повеќе, бидејќи ќе можат да ни се најдат во некои сегменти од играта. Да имаме повеќе ротации кои мислам дека недостасуваа на СП, времето е кратко ќе се потпрам на нивното искуство. Тешко дека можат да не изненадат. Сепак мислам дека ние сме си главни непријатели. Ако добро анализираме и ако парираме во одбрана, треба да биде добро. Одиме да се ‘истепаме’ со нив. Треба цврста одбрана и некои полесни голови. Добро се познаваме, тешко дека можеме да скриеме нешто“ – смета селекторот.

Дуелите со Исланд се в среда и в недела.

 

Се вчитува...