Брестовац: Кој велеше дека не можеме да победуваме врвни репрезентации

Данило Брестовац имаше деби од соништата на клупата на Македонија, предводејќи го ракометниот национален тим до голема победа на гостувањето против Исланд.

„Честитки за момците одиграа 60 минути врвен ракомет  против врвна ракометна селекција. Кој велеше дека не можеме да играме и да победуваме европски селекции, го покажавме спротивното. Момците покажаа карактер, стабилност, желба за победа“ – ги пофали Брестовац ракометарите по големата победа.

Сепак, на македонскиот селектор му е јасно дека веќе в недела го очекува нов тежок предизвик, овојпат на домашен терен против истиот противник.

„Одиме понатаму, ќе биде тешко два пати да се победи Исланд во пет дена, но ако сакаме да бидеме врвна репрезентација, а сме на тој пат, тогаш мораме и тоа да го правиме. Очекува голема поддршка од нашите навивачи, од кои очекувам в недела да ја обојат салата со нашите национални бои и да дадат свој придонес во походот на уште еден триумф. Македонија, се бодри, се сака и во победи, но и во порази“ – порачува Данило Брестовац.

Се вчитува...