Брестовац: Напредуваме, но не се придржуваме до тактиката…

Шефот на стручниот штаб на Металург, Данило Брестовац, не го криеше разочарувањето што неговиот тим не успеа да остане непоразен против Вардар. Пресметката од СЕХА-лигата немаше преголемо резултатско значење, но „металурзите“ прокоцкаа четири гола предност против актуелниот првак, што според Брестовац се должи на тактичка недисциплина.

„Дербито немаше некое големо значење, но задоволен сум бидејќи за разлика од претходните средби, на кои паѓавме кон средината на второто полувреме, овојпат бевме многу подобри. Вардар победи на физички предиспозиции, а она што најмногу ми пречи кај нас е фактот дека не се придржуваме до она што го договараме на тактички план. На пример последниот напад го трениравме на вчерашниот тренинг, како да знаевме дека ќе дојде до неизвесен меч, но не реализиравме. Во одбраната знаевме како ќе играат Скубе и Карачиќ, но не ги неутрализиравме бидејќи не го одигравме договореното“ – изјави Брестовац.

Се вчитува...