Брестовац: Не е лесно, сакам и да победам и да им дадам шанса на сите…

Селекторот на ракометната репрезентација, Данило Брестовац, изрази задоволство од победата над Грузија, потенцирајќи дека истата можеше да биде многу поубедлива доколку беа искористени бројните зицери.

„Промашивме бројни зицери, пред се во првото полувреме, потоа во вториот дел уште осум. Сигурно дека има простор за напредок, но тоа е и суштината на овие контролни натпревари, да им се даде шанса на помладите да ги покажат квалитетите, да соберат искуство кое потоа ќе им биде драгоцено. Мене како селектор не ми е лесно, од една страна сакам да победам, од друга да им дадам шанса на сите. Севкупно гледано, целта е остварена, ракометарите добија можност да покажат што знаат во репрезентативниот дрес, оние кои не играат во клубовите неопходна минутажа за да влезат во ритам. Штета е што помладите и претходно не добиле вакви можности во националниот тим“ – изјави Брестовац.

Македонија и Грузија утре ќе одиграат уште еден пријателски меч, овојпат со почеток во 16 часот.

Се вчитува...