Брестовац: Ние сме сепак селекција од Б-дивизија

Македонската кадетска ракометна репрезентација не успеа да стигне до четвртфиналето на мундијалот. Составот на Данило Брестовац загуби во осминафиналната пресметка од Португалија со 29-25.

Селекторот е делумно задоволен од изданието, секако не и од поразот, но најважно е искуството и младите ракометари во иднина да се надградат за да стасаат и до сениорскиот национален тим.

„Сакавме да играме со Португалија. Ја избравме, мислев дека можеме против нив. Видов дека ќе биде тешко против Германија и против Исланд. Имавме водство од еден гол, имавме шанса да славиме, но не успеавме. На овие млади ракометари им недостигаат натпревари. Португалците се стандардни во своите клубови. Треба да бидеме среќни ако од оваа генерација излезе уште некој потенцијал за А-селекцијата, покрај Серафимов, Костески и Кизиќ. Знам дека постои разочарување, но ако сме искрени, ние сме селекција од Б-дивизија и треба да тежнееме што побрзо да дојдеме до А-дивизија“, изјави Данило Брестовац.

Се вчитува...