Брестовац: Очекувам голема битка и добар резултат против Вардар

Металург во среда (20.15 ч.) го пречекува Вардар во македонското дерби во регионалната СЕХА лига. По завршувањето на настапот во Лигата на шампионите, „металурзи“ во остатокот од сезоната ќе бидат целосно посветени на натпреварите во СЕХА и потоа во суперлигашкиот плеј-оф. Вардар во фаворитска улога, е првиот следен предизвик за младиот состав од Автокоманда, овој пат во улога на домаќин во СЦ „Борис Трајковски“.

Играта ни е во нагорна линија и очекувам да напредуваме. Мене ме радува тоа што од првиот до последниот меч сезонава одиме во нагорна линија. Нормално, дека е појавуваат и работи кои не се како што треба. Во Нови Сад не бев задоволен од голманите, од пристапот на некои играчи. Сега играме со Вардар, една од најдобрите екипи во Европа, во Топ 4. Очекувам добра битка. Поквалитетни се, но ќе дадеме се од себе. Очекувам добар резултат, тоа за мене е победа и со еден гол разлика“ – истакна тренерот на Металург Данило Брестовац во пресрет на новата пресметка со Вардар во СЕХА.

Во име на играчите, голманот Мартин Томовски, најави борбеност и машка игра во дуелот со Вардар.

„Вардар во овој момент бележи одлични резултати, како и во последните 3-4 години. Иако имавме две тешки гостувања, мотивацијата со Вардар ќе биде на едно огромно ниво. Сите повреди, уморот и сите работи што се случуваа на последните две гостувањата нема да не спречат да го дадеме тоа што теренот го бара од нас, со максимално залагање и дисциплина. Ќе се обидеме да го зголемиме нашиот придонес и ние голманите да влеземе во некој континуитет, бидејќи за дел од нас следуваат обврските во репрезентација. Нормално, треба да фатиме приклучок и да бидеме од корист и во националниот дрес“, изјави Томовски.

По девет кола во СЕХА лигата, Вардар е на првтаа позиција со седум победи и со два порази, а Металург е претпоследен со една победа, едно реми и со шест порази.

Се вчитува...