Брестовац одреди 18 ракометари за ЕП 2020, отпадна Костески

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Данило Брестовац одреди 18 ракометари кои ќе ги бранат боите на нашиот национален тим на ЕП 2020. По подготовките во Словенија и двата пријателски натпревари, од комбинација принудно отпадна Велко Маркоски поради повреда на окото, а му се придружи Никола Костески по одлуката на стручниот штаб на националната селекција. Конкуренцијата на десната крилна позиција го стори своето, a селекторот Брестовац реши наместо Костески да му даде шанса на поискусниот Мартин Поповски, член на суперлигашот Тинекс Пролет.

На списокот на патници за Виена се наоѓаат следните ракометари…

Македонската репрезентација утре ќе одржи тренинг во Виена, каде в петок ќе го игра и премиерниот натпревар од ЕП 2020, против селекцијата на Украина.

Се вчитува...