Селекторот на ракометната репрезентација, Данило Брестовац, има причини за задоволство по денешната ждрепка на квалификациските групи за ЕП 2022 во Унгарија и во Словачка. Македонските ракометари ќе излезат на мегдан со Данска, Швајцарија и со Финска, а пласман на ЕП обезбедуваат двете најдобри селекции од секоја група, но и четирите најдобри третопласирани репрезентации од осумте групи.
„Релативно тешка група, се надевам дека ќе успееме да се пласираме на европското првенство бидејќи ова сепак се ривали што можеме да ги минеме. Данска е фаворит во нашата група, додека Швајцарија е квалитетен ривал со Енди Шмит како носител на националниот тим. Финска можеби претставуваше најтежок ривал од четвртиот шешир, но ќе повторам – јас сум оптимист дека ќе се пласираме на ЕП. Ни претстои период на анализа на противниците, а исто така се надевам дека нашите репрезентативци ќе имаат значајна улога во своите екипи и мотивирани ќе ги дочекаме овие квалификации“, истакна Данило Брестовац.
Новиот квалификациски циклус почнува во месец ноември, а дотогаш се очекува македонската ракометна репрезентација да дознае и дали ќе добие вајлд-карта за пласман на СП 2021 во Египет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА