Брестовац: Резултатот можеби не е атрактивен, но победнички ги затворивме квалификациите

Македонскиот селектор Данило Брестовац очекувано задоволен од победата против Грција во последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2020. Брестовац признава дека одигравме тешко полувреме, со недостасток на соодветна реализација но на крајот најважно е што победнички ги затворивме квалификациите.

„Тешко реализиравме во првото полувреме, имавме десет промашени зицери. Едноставно ни недостасуваше реализација. Но, и покрај слабата игра успеавме да дојдеме до предност од два гола на полувремето. На полувремето потоа се договоривме да одиграме до крај максимално. Резултатот можеби не е атрактивен но јас сум презадоволен затоа што на најдобар начин ги заокруживме овие квалификации“ – истакна селекторот по дуелот со Грците.

Што се однесува до настапот на Европското првенство…

„Има време до тогаш добро да се подготвиме. Мислам дека направивме се за да ги добиеме овие четири натпревари и успеавме резултатски најдобро да завршиме. Факт е дека ни требаат повеќе заеднички натпревари како подготовка. Ќе ни треба во ЕХФ неделата да одиграме на некој квалитетен турнир за да добиеме на сигурност на минати километри заедно. Тоа ќе ни биде значајно за настапот на ЕП“ – вели Брестовац.

Се вчитува...