Брестовац со две измени во тимот за утрешниот дуел против Исланѓаните

Македонскиот селектор Данило Брестовац се одлучи за две измени во составот за утрешниот натпревар против Исланд кој од 20 часот го играме во квалификациите за пласман на ЕП 2020.

На местото на левото крило Бојан Маџовски во тимот ќе биде неговиот соиграч од Металург, Димитар Димитриоски, додека на местото на десниот бек Томислав Јагуриновски за утрешниот натпревар во комбинација ќе биде Мартин Серафимов.

Во суштина и со еднакви сили ќе им се спротиставиме на Исланѓаните во желбата за нова победа и обезбедување на првата позиција на табелата, по четири одиграни рунди од квалификациите.

Се вчитува...