Селекторот на македонската репрезентација, Данило Брестовац, го скрати списокот од 28 на 22 ракометари, кои ќе треба да се појават на првиот ден од подготовките за завршните натпревари од квалификациите за ЕП 2020. Првата прозивка е закажана за сабота, а Брестовац по неколкудневни тренинзи ќе ја донесе и конечната одлука, кои ракометари ќе патуваат на гостувањето во Ешикшехир против Турција, закажано за 12 јуни.
На списокот на селекторот нема поголеми изненадувања, па се очекува и на следниот квалификациски дуел Македонија да настапи со речиси идентичен состав како и на досегашните четири натпревари. За потсетување, на „црвено-жолтите“ им се неопходни победи на последните две средби со Турција и со Грција за да се задржат на првото место во групата, што ќе значи и подобро рангирање во извлекувањето на групите за ЕП 2020.
ГОЛМАНИ: Борко Ристовски (Бенфика), Никола Митревски (Констанца), Мартин Томовски (Металург)
ЛЕВИ КРИЛА: Дејан Манасков (Веспрем), Бојан Маџовски (Металург), Димитар Димитриоски (Металург).
ДЕСНИ КРИЛА: Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт), Ненад Костески (Струга).
ЛЕВИ БЕКОВИ: Филип Талески (Рајн Некар-Левен), Мартин Манасков (Пролет)
СРЕДНИ БЕКОВИ: Марио Танкоски (Работник), Филип Кузмановски (Работник), Горан Крстевски (Работник).
ДЕСНИ БЕКОВИ: Кирил Лазаров (Нант), Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов (Металург).
ПИВОТИ:Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Работник), Жарко Пешевски (Мотор), Филип Арсеновски (Металург).
ДЕФАНЗИВЦИ: Велко Маркоски (Констанца), Милорад Кукоски (Работник).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА