Брестовац со три „рокади“ за мечот со Грција

Селекторот на македонската репрезентација, Данило Брестовац, направи три замени во тимот за дуелот со Грција во однос на претходниот натпревар против Турција.

На местото на повредениот Стојанче Стоилов не е повикан нов „пикер“, туку дел од репрезентацијата ќе биде Горан Крстевски. Како што веќе беше најавено, на местото на Милорад Кукоски повикан беше Дарко Димитревски, кој ќе има задача во играта во дефанзива. Слично како и на двата дуели со Исланд, Брестовац повторно прави „рокада“ и на позицијата десен бек, каде Серафимов ќе го заземе местото на Јагуриновски како резерва на капитенот Кире Лазаров.

Натпреварот меѓу Македонија и Грција се игра утре со почеток во 18 часот во салата „Парк“ во Струмица.

Се вчитува...