Матју Фавр е најдобар на машката велеслаломска трка која денеска се возеше во бугарскиот ски-центар, Банско. Французинот до победата стигна со време од 2:25.29 минути, што беше за 75 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Швајцарец, Марко Одермат. Третото место му припадна на водечкиот во генералниот пласман Алексис Пантуро кој доцнеше 81 стотинка зад неговиот сонародник.
Италијанката Федерика Брињоне славеше на супервелеслаломот во домашната Вал ди Фаса. Брињоне до победата стигна со време од 1:14.61 минута што беше за 59 стоти делови од секундата подобро од второпласираната и водечка во генералниот пласман во Светскиот куп, Швајцарката, Лара Гут Бехрами. Подиумот го надополни втората Швајцарка, Корине Сутер со задоцнување од 72 стотинки зад времето на победничката.
Со второто место на денешната трка Лара Гут Бехрами го осигура малиот кристален глобус во супер-џи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА