Брињоне најдобра на велеслаломот во Линц

Италијанската скијачка Федерика Брињоне победи на денешниот велеслалом во Светскиот куп, кој се одржа во австрискиот скијачки центар Линц. Брињоне до четвртата победа стигна со време 2:05,52 минути.

На второто место се пласираше Германката Викторија Ребенсбург со заостанување од само четири стотинки зад победничката, а на третата позиција заврши американската скијачка Микаела Шифрин, која задоцни осум стотинки.

Шифрин и понатаму е водечка во генералниот пласман во Светскиот куп во 881 бодови, втора е Ребенсбург (510), а третото место и припаѓа на Петра Влхова (385).

Се вчитува...