Џејмс Кларк, 26-годишниот британски тенисер, е победник на овогодинашното издание на АТП Челинџер 75 турнирот„ Macedonian Open“ откако во финалето кое траеше 84 минути го победи квалификантот Нермин Фатиќ од Босна и Херцеговина со 2-0 (6-2, 6-3). За триумфот на тунирот тој освои 75 поени и 1920 евра, додека Фатиќ освои 44 поени и 7.620 евра.
Кларк беше тенисерот кој го направи и првиот брејк во мечот откако во чегтвртиот гем го одзема сервисот на ривалот и поведе со 3:1. Но, веќе во следниот Фатиќ направи ри-брејк за 3:2. Сепак предноста од брејк Британецот ја врати со освојување на уште еден сервис на ривалот за 4:2, а сетот го потврди со уште еден брејк во осмиот гем за 6:2 во гемови и водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет беше Кларк брејк направи на почетокот на сето за водство од 2:0 во гемови, а потоа следуваше и предност од 3:0, која ја задржа до крајот на сетот, иако за да го освои сетот потребно му беше да ја освои дури петтата меч топка.
Воедно ова беше најкусиот меч за Кларк во Скопје (84 минути), а сите меча ги доби со 2-0 во сетови, иако притоа имаше победи против Хуго Делиен (прв носител); Жоел Шварцлер (лански победник на Macedonian Open) и Педро Качин.
И додека на Централниот терен се играше финалето во сингл конкуренција на теренот број 5 се играше финалето во конкуренција на двојки. Со пресврт триумфот стигнаа тенисерите од Чешка Ендрју Полсон и Михаел Врбенски, кои со 2-1 во сетови (26 64 10-6) ги победија Срирам Балаџи и Мигуел Рејес-Варела (Индија/Мексико). Финалниот меч во двојки траеше 82 минути.
Поради дождот двата финални меча се играат на различни терени и доцнеа со почетокот речиси три часа, а и двата завршија приближно во исто време кога повторно дождот се беше присутен, но беше пречка за да заврши церемонијата на доделување на медалите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА