Британката Лаура Муир ги освои срцата на навивачите ширум светот по приредениот „спектакл“ на Европското првенство во сала во Белград. 23-годишната атлетичарка убедливо победи на трката на 1.500 метри, подоцна славеше и на 3.000 метри, но потегот по трката е она по што таа ќе се памети.
Не само што на патеката ја победи конкуренцијата, туку потоа ги победи и строгите правила на кои организаторите се повикале кога и забранија да трча почесен круг и да ја слави својата победа.
„Не може“ – застана пред неа членка на организацијата во Белград.
„Но, зошто?“ – праша избезумената Британка, и доби одговор: „Немаме време за почесни кругови“.
Но, за студентката по ветерина од Универзитетот во Глазгов тоа беше прв медал во кариерата, па не сакаше да се повлече и се избори за својот почесен круг.
„Ми рече дека немаат време за моето славје. Си помислив, па ова е мојот прв медал, не може да ми го одземат почесниот круг. И побегнав покрај неа. Знаев дека не може да ме стигне“ – низ смеа изјави Лаура по трката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА