Британската сензација Радучану преку Бенчиќ до полуфинале на УС опен

Британската тениска сензација Ема Радучану стигна до полуфиналето на последниот гранд-слем турнир во сезоната УС опен, откако во четвртфиналето славеше над освојувачката на златниот медал од ЛОИ во Токио, Швајцарката Белинда Бенчиќ со 2-0, по сетови 6-3 и 6-4.

18-годишната Британка слабо го отвори натпреварот, но по негативата од 1-3 во првиот сет заигра далеку подобро и во ниту еден момент не и дозволи на поискусната Бенчиќ да стигне до победа.

Таа во полуфиналето ја очекува подобрата од последниот четвртфинален дуел во кој се среќаваат Каролина Плишкова и Марија Сакари.

Се вчитува...