Британците со нова „награда“ за Ѓоковиќ – „Новак е КОВИДИОТ на годината“

Британски „Дејли Меил“ уште еднаш го нападна Новак Ѓоковиќ, овој пат нарекувајќи го „ковидиот“ на годината.

„Имаше неколку кандидати за нашата најголема награда,„Ковидиот на годината. На крајот на краиштата, секоја недела се случуваше некои спортски ѕвезди да ги прекршат правилата за изолација поради корона вирусот, а нив ги водеа англиски фудбалери, меѓу кои Фил Фоден, Мејсон Гринвуд, Џек Грилиш, Кајл Вокер и Хадсон Одои. Сепак, наградата и припаѓа на тениската ѕвезда, светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ “, пишува Дејли Меил.

Во текстот се вели дека Ѓоковиќ, е човек кој постојано предизвикува поделби, тој може да ја испрати топката во лицето на судијата и да биде исфрлен од „УС Опен“, но и тоа дека не е близу до неговиот најконтроверзен потег за оваа година.

Србинот оваа година го организираше „Адриа тур“ на Балканот, за време на корона пандемијата во јуни, па предизвика да бидат заболени неколку играчи, вклучувајќи го него и неговата сопруга Јелена. Ова е главната причина за доделеното првото место на ранг-листата „Ковидиот“, додава „Дејли Меил“.

Се вчитува...