Бркиќ и Јусуфхоџиќ ќе и судат на Македонија на отворањето на ЕП 2022

Австриските судии Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ се избрани да ја делат правдата на првиот меч на Македонија на ЕП 2022, против селекцијата на Словенија што ќе се игра на 13 јануари во Дебрецин.

ЕХФ денеска го објави делегирањето за првото коло од европскиот шампионат, а изборот за премиерниот дуел на „црвено-жолтите“ падна врз австриската судиска двојка.

Вториот меч од нашата група, дуелот меѓу Црна Гора и Данска, ќе го судат Романците Стефан и Штарк.

Се вчитува...