БРОЈКИ, ФАКТИ И СТАТИСТИКА: Сам Ремзифаик Селмани има повеќе голови од целиот тим на Работнички

Пред денешниот натпревар помеѓу Работнички и Ренова, неколку интересни бројки, факти и статистички податоци. Интересно и веднаш паѓа во очи фактот што најдобриот стрелец на Ренова, Ремзифаик Селмани има 11 голови, или еден повеќе од целиот тим на Работнички во досегашниот тек на првенството. Тоа кажува дека „романтичарите“ имаат голем проблем со ефикасноста, а избраниците на Борче Христов немат постигнато гол на последните три меча.

Еве интересни бројки и факти пред денешниот дуел кој започнува во 13 часот во рамките од 16. коло.

  • Вкупно овие два тимаа имаат одиграно 60 натпревари, од кои 24 победи има Работнички, 22 средби завршиле нерешено, а 14 победи има Ренова. Гол разликата е 91:66 во корист на „романтичарите“
  • На домашен терен, Работнички има само два порази од Ренова, девет ремија и 16 победи
  • Последните три меѓусебни натпревари на овие два тима, вклучувајќи ја и пријателската средба во јануари, завршиле нерешено
  • Работнички на последните три меча во Првата лига, има три порази, без постигнат гол. Ренова, пак, на последните пет средби има само една победа
  • На последните пет гостувања во сите натпреварувања, Ренова има само една победа, додека Работнички на последните пет средби како домаќин има две победи, едно реми и два порази
  • На последните 12 средби во сите натпреварувања меѓу овие два тима, имало секогаш барем по еден гол. Последен пат играле 0:0 во 2018 година
  • Работнички на последните 12 меѓусебни меча, секогаш постигнувал барем по еден гол во дуелите со Ренова во сите натпреварувања
  • Работнички нема постигнато ниту еден гол во првите 15 минути од средбите во Првата лига. Најголем дел од головите, Работнички ги постигнувал во период од 30 до 45 минута. Ренова, пак, е најефикасна во периодот од 15 до 30 минута, и во последните 15 минути од средбите.
  • И двата тима сезонава на пет натпревари не примиле ниту еден гол
  • После Пелистер (два) и Скопје (четири), Работнички е третата најлоша екипа на домашен терен по постигнати голови – само шест
  • Ренова, пак, е една од најдобрите гостински екипи, односно имаат освоено 11 бодови од гости. Пред нив се само Шкендија со 13 и Академија Пандев со 15 бодови
  • „Гипсарите“ само два пати во оваа сезона не успевале да постигнат гол на натпреварите, додека Работнички е далеку полош – дури на осум меча не успеале да ја затресат противничката мрежа
  • Ремзифаик Селмани сам, има постигнато повеќе голови од целиот тим на Работнички. „Романтичарите“ досега постигнале само 10 гола, додека Селмани сам има 11 гола

Се вчитува...