Шкупи цел сезона ја одигра апсолутно под секое натпреварувачко ниво, најдобра потврда за тоа се бројките кои велат дека поранешниот македонски првак е – НАЈСЛАБ ТИМ ВО ЕВРОПА за сезоната 2025/26.
Шкупи го заврши шампионатот на Македонија со само еден освоен бод по 33 одиграни натпревари, а порталот „One Football“ во својата анализа на сите европски лиги за сезоната што измина потврди дека македонскиот „фенерџија“ е најслаб од сите во фудбалска Европа.
Исто така, бројката од 130 примени гола на 33 рунди од ПМФЛ е највисок број на примени погодоци изминатата сезона во сите први лиги ширум фудбалска Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
