Бројките не лажат: „Доктор Меси“ за „англиските пациенти“

Лионел Меси го постигна својот прв гол во дресот на ПСЖ, ставајќи печат на одличната партија и победата на „светците“ против Манчестер Сити.

Со овој гол Меси само потврди дека е „доктор“ кога станува збор за тресење на мрежите на англиските противници во Лигата на Шампионите. Денешниот погодок беше вкупно 27. за Меси против ривали од Премиер-лигата во ЛШ. Аргентинецот досега има одиграно 34 средби против ривали од оваа земја, на кои покрај 27-те погодоци има и осум асистенции.

Само за споредба, втор на оваа листа далеку зад Меси е Кристијано Роналдо со 12 погодоци против англиските екипи, следен од Роберт Левандовски и од Томас Милер со по 10 гола.

Се вчитува...