Ливерпул вечерва ќе го пречека Реал Мадрид во дуелот на европските фудбалски „џинови“, англискиот првак ќе бара начин да го неутрализира фантастичниот Килијан Мбапе, но традицијата вели дека избраниците на Арне Слот ќе мора добро да внимаваат и на Винисиус. Впрочем, Бразилецот секогаш игра извонредно против Ливерпул и на пет дуели со овој ривал има четири победи и едно реми.
Најважниот гол Винисиус дефинитивно го постигна во финалето на ЛШ во Париз, кога токму со неговиот погодок Реал славеше со 1-0 и се закити со европската титула.
Серијата на Бразилецот против Ливерпул почна за време на пандемијата, кога токму со неговите два гола Реал славеше над „црвените“ со 3-1 на стадионот во тренинг-центарот „Валдебедас“, каде ги играше своите домашни средб пред празни трибини.
Серијата добри игри продолжи, а статистиката вели дека Винисиус има четири победи и едно реми на пет меча со Ливерпул, притоа со пет постигнати гола и две асистенции. Ниту еден клуб во Европа во последните пет години нема примено повеќе головите од Винисиус од што е случај со Ливерпул, па ќе биде интересно да се види дали серијата ќе продолжи и вечерва на „Енфилд роуд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

