Македонската репрезентативка во таеквондо, Душица Бресалиева, продолжува со одличните настапи откако успеа да се закити со бронзен медал на Европското клупско првенство во јуниорска конкуренција што се одржува во БиХ.
Македонката во првата борба беше подобра од Украинката Лонска со 2-1, а потоа со иденитчен резултат славеше над Дурназ од Турција.
Бресалиева најдобрата борба ја прикажа во четвртфиналето, кога со 2-0 ја декласираше Елефтерија Вамвакаки од Грција.
За жал, налетот на македонската таеквондистка беше прекинат со пораз во полуфиналето од Клара Углешиќ од Хрватска со 0-2, што значеше дека Бресалиева на крајот ќе се закити со бронзено одличја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
