Бронзениот Аземи на прием во Агенцијата за млади и спорт

Бронзениот од Европското боксерско првенство Аријан Аземи беше на прием во Агенцијата за млади и спорт. Дирекоторот н агенцијата, Наумче Мојсовски вели дека овој медал влева надеж за враќање на боксот на вистинските патеки.
„Паузата во освојување на Европски одличја е навистина долга, и од таа причина бронзата на Ардијан влева надеж за враќање на боксот онаму каде што му е вистинското место, на врвот на спортовите во нашата земја, а неговите 17 години се доказ дека популарноста на боксот се враќа кај младите“, изјави Мојсовски.
Бронзениот Аријан Аземи изрази благодарност до Агенцијата за млади и спорт, членовите на стручниот штаб, потенцирајќи дека освоениот медал е мотив повеќе за понатамошна посветеност, која ќе биде ставена на тест на претстојното светско првенство закажано за април 2021 во Киелце.

Се вчитува...