Бронзениот Аземи: Се надевам дека ќе бидам уште подобар во иднина

Нашиот младински репрезентативец, Ардијан Аземи кој донесе брознен медал од Европското првенство во Будва, е оптимист дека овој историски успех може да го повтори и подобри на следното светско првенство. Ардијан Аземи е задоволен до резултатот во Будва и освоениот бронзен медал, најави дека ќе продолжи да работи посветено за нов успех.

„И благодарам на федерацијата што ми овозможи да учествувам на европското првенство, направив се да забележам успех, се надевам дека ќе бидам уште подобар во иднина и следната година особено на светското првенство каде сакам најмалку да го повторам успехот од Будва“, изјави Аземи на денешната прес конференција.

Се вчитува...