Брозовиќ ги одбил Саудијците: Премалку се 60 милиони евра за три години, за да играм во таква лига!

Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ ја одбил понудата на саудијскиот Ал Наср затоа што смета дека 60 милиони евра за три сезони е премалку за да се пресели во една таква скромна лига.

Според инсајдерски извори, Ал Наср веќе ја договорил висината на отштетата со Интер. Договорено е ослободување на Брозовиќ за 23 милиони евра. Но, сега проблемот е 30-годишниот хрватски фудбалер кој не сака да оди во Саудијска Арабија под 90 милиони евра за три сезони.

„Ал Наср го предупреди дека нема уште долго да го чека да ја прифати нивната понуда затоа што има и други опции“ – пренесува каталонски Спорт.

Втората можност за трансфер на Брозовиќ е Барселона, каде Хрватот сака да се пресели, но Каталонците даваат само 15 милиони евра на Интер за отштета.

Се вчитува...