Брозовиќ и Интер се подалеку од нов договор

Се помала е веројатноста дека Марсело Брозовиќ ќе го продолжи договорот со актулениот шампион Интер, пренесуваат италијанските медиуми. Актуелниот договор истекува на крајот на сезоната, а проблемот во преговорите е големата разлика во она што го бара Брозовиќ и она што „нероаѕурите“ му го нудат на Хрватот.

Во моментот хрватскиот репрезентативец заработува 3.5 милиони евра, а желбата на 28-годишникот е плата од 6.5 до 7 милиони евра која Интер не може да си ја дозволи. Во овој поглед на готовс чекаат ПСЖ и Тотенхем, а неодмана на овие клубови им се приклучи и Њуксал.

Брозовиќ во редовите на „нероаѕурите“ пристигна во 2015 година од Динамо Загреб. Досега одигра 258 натпревари во сите конкуренции. Постигна 26 гола, а 35 пати беше асистент до своите соиграчи.

Се вчитува...