Брозовиќ: Сами си ја кроиме иднината

Интер ја забележа втората победа во низа во Лигата на Шампионите откако славеше на гостувањето кај Шериф со 1-3. Херојот на „нероаѕурите“ беше Марсело Брозовиќ кој со гол и две асистенции донесе победа за својот тим со која италијанскиот претставник е на чекор до изборување на пласман во следната фаза од натпреварувањето.

По натпреварот хрватскиот репрезентативец не го криеше задоволството од прикажаното и вели дека се е во рацете на неговиот тим.

„Сега сме во позиција сами да си ја кроиме иднината. Беше многу важно да го добиеме овој натпревар. Игравме добро, напаѓавме и не дозволивме контра напади. Секогаш даваме 100 отсто од себе за да победиме“, изјави најдобриот играч на натпреварот.

На две кола пред крајот на групната фаза Интер се наоѓа на втората позиција на табелата со бод предност во однос на тимот на Бобан Николов. Во следното коло „нероаѕурите“ го пречекуваат Шахтјор, а молдавскиот тим Реал Мадрид.

Се вчитува...