Бруклин доби нов тренер

Од НБА тимот на Бруклин Нетс потврдија дека се договориле за соработка со Жак Вон, кој ќе биде нов тренер и наследник на Стив Неш.

Иако американските медиуми по разделбата меѓу клубот и Неш пишуваа дека Име Удока, минатосезонскиот тренер на Бостон, е прв фаворит за таа позиција, на крајот во Бруклин се решија за познато клупско лице кое е таму од 2016 година.

Како играч, Вон играше за Њу Џерси Нетс од 2004 до 2006 година. Тренерската кариера ја почна како еден од помошниците на Грег Попович во Сан Антонио, потоа работеше самостојно во Орландо, а во Бруклин е од 2016 година како асистент.

Клубот официјално не објави кога е потпишан договорот со него, иако некои извори велат дека договорот трае до крајот на сезоната 2023/24.

Бруклин моментално е на дното во поредокот на Источната конференција со скор од 4-7.

Се вчитува...