Бруклин го „демолираше“ Бостон, Далас не може без Дончиќ

Фантастичниот Бруклин продолжува да реди победи откако изминатата вечер славеше над Бостон со убедливи 121-109. Кајри Ирвинг со 40 поени и 8 скока беше предводник на домаќините, додека него го следеше Џејмс Харден со 22 поени, 10 скока и 8 асистенции. Кај гостите Џејсон Тејтум постигна 31 поени, а забележа и 5 скока.

Далас го забележа 17 пораз сезонава откако загуби на гостувањето против Оклахома со 116-108. Гостите од Тексас на овој меч настапија без Лука Дончиќ кој се полажи на повреда на десниот зглоб на ногата. Гилгус-Александер беше првото име на Тандер со 32 поени и 6 асистенции, додека Џош Ричардсон ги предводеше гостите со 27 поени и 6 асистенции.

Во останатите натпревари Шарлот славеше над Детроит со 105-102, Аталанта го доби неизвесниот меч против Торонто со 120-121, Филаделфија славеше убедливо над Чикаго со 105-127, Мајами го доби дербито на Флорида против Орландо со 111-103, Милвоки беше убедлив против Њујорк со 134-101, Минесота ги прегази Пеликанс со 105-135, Клиперс му нанесоа пораз од 130-104 на Голден Стејт, Феникс славеше над Портланд со 121-127 и Сакраменто со 125-105 триумфираше над Хјустон.

Се вчитува...