Бруклин и Орландо обезбедија плеј-оф (ВИДЕО)

Бруклин и Орландо влегоа во редот екипи кои ќе бидат дел од разигрувањето за титулата во изменетата сезона од НБА лигата. Со триумфот над Сакраменто од 119-106, Бруклин кој на продолжението на сезоната во кампусот на Дизни во Флорида е дојден без најдобрите играчи, втора година по ред обезбедува место во плеј-офот.

Карис Леверт со 22 поени беше прв стрелец за Бруклин, Џо Харис постигна поен помалку, Кај Сакраменто, Богдан Богдановиќ постигна 27 поени и ја предводеше листата стрелци. Бруклин дојде до скор од 33-36  и во моментов се на седмата позиција на Исток додека за Сакраменто многу е извесно дека останува надвор од плеј-офот со оглед дека е на 13. место во израмнетата Западна конференција.

И Орландо втора година по ред обезбедува место во плеј-офот и покрај ноќешниот пораз од Филаделфија од 108-101. Орландо сепак има биланс кој му обезбедува пласман во разигрувањето на три средби пред крајот на регуларниот дел од сезоната, а во корист му оди исклучително лошата серија на Вашингтон кој повторно загуби, ноќеска од Њу Олреанс со 118-107. Орландо со биланс од 32/38 е осмопласиран во Источната конференција.

 

 

Се вчитува...