Бруклин Нетс доаѓаат во Хрватска во чест на Дражен Петровиќ?

Бисерка Петровиќ, мајката на легендарниот кошаркар Дражен Петровиќ откри дека се водат преговори за на одбележувањето на 30. годишнината од смртта на хрватскиот „Моцарт“, Бруклин Нетс да заиграат во загрепската „Арена“.

Петровиќ вели дека се уште не се познати деталите, но се работи на проектот.

„Преговараме со Бруклин Нетс, но мораме да отидеме во Њујорк, до седиштето на НБА. Не се тие како ние па во два дена да завршите се, бараат се да биде темелно па се надевам дека ќе успееме. Претходно немавме каде, но сега ја имаме „Арена“. Не знаеме ни за терминот. Мораме тоа да им го препуштиме на нив бидејќи не е лесно и се зависи од короната. Не сакаме да го врзуваме роденденот (22. октомври) или годишнината (7. јуни), туку кога ним им одговара. Но, за 30. годишнина мораме да направиме нешто големо. Тешко е да ги договорите најдобрите играчи од Европа, но ќе видиме“, изјави мајката на Дражен.

Легендата на хрватската кошарка за Бруклин настапуваше од 1991 до трагедијата на 7. јуни, 1993 година кога во сообраќајна несреќа на автопат во Германија го загуби својот живот.

Се вчитува...