Бруклин продолжува со победите, нови порази за Јокиќ и Дончиќ

Победничката низа на Бруклин се искачи на седум победи едно по друго откако изминатата вечер тимот од Њујорк го совлада Орландо со 129-92. Кајри Ирвинг беше првото име кај домаќините со 27 поени, 9 асистенции и 5 скока, додека кај гостите повторно блесна Никола Вучевиќ кој забележа дабл-дабл учинок од 28 поени и 12 скока.

Далас го забележа 16 пораз оваа сезона откако загуби на гостувањето против Филаделфија со 111-97. Џоел Ембид повторно беше на врвот на својата задача, овој пат со 23 поени, 9 скока и 4 асистенции, додека Лука Дончиќ повторно беше предводник на својот тим со 19 поени и 4 асистенции.

Со пораз оваа вечер мораа да се задоволат Никола Јокиќ и Денвер кои загубија со 110-112 од Вашингтон. Џамал Мари го предводеше тимот од Колорадо со 34 поени и по 6 скока и асистенции, додека Србинот натпреварот го заврши со 24 поени, 11 скока и 7 асистенции. Бредли Бил беше првото име кај тимот од главниот град на САД со 33 поени и 4 асистенции.

Во останатите натпревари, Њујорк славеше со 140-121 над Сакраменто, Мемфис ги совлада Клиперс со 122-94, додека Милвоки го доби дуелот против Њу Орлеанс со 129-125.

Се вчитува...