Бруно Акраповиќ ја тужи ЦСКА Софија за 100.000 евра

Сегашниот тренер на Шкендија, Бруно Акраповиќ, поднесе тужба против неговиот поранешен клуб ЦСКА Софија за финансиско обесштетување, поради предвремен раскин на неговиот договор. Босанскиот тренер беше сменет од ЦСКА после серија на слаби резултати.

Станува збор за сума од 100.000 евра, пренесува „Мач телеграф“. Акраповиќ добил збор дека парите ќе му бидат исплатени, но откако тоа не се случило, се решил правдата да ја бара на суд.

Веќе се обратил и до ФИФА со надеж да го разреши спорот.

Акраповиќ после ангажманот во ЦСКА, ја превзеде клупата на Шкендија на стартот од сезонава на местото на Ернест Ѓока.

Се вчитува...