Бруно Фернандеш донесе одлука по новата понуда од Саудиска Арабија

Бруно Фернандеш изминатото лето одби пребогата понуда од Ал Хилал, но газдите на пребогатите клубови од Саудиска Арабија не се откажуваат од намерата да го доведат капитенот на Манчестер Јунајтед во своите редови.

Жоао Феликс игра како препороден по трансферот во Ал Наср, Роналдо е главна ѕвезда во лигата, за Ал Хилал веќе настапуваат Португалците Жоао Невеш и Кансело, а челниците на овој клуб прават се за да го убедат Бруно да ја зголеми португалската колонија.

Веќе е подготвена и супер-понуда за јануарскиот преоден рок, но Фернандеш донесе одлука за иднината – порачувајќи дека нема ннамера да ги смени клупските бои до крајот на сезонава. Причина – следното лето на програмата е мундијалот во Северна Америка, а португалскиот плејмејкер сака да го дочека ова големо натпреварување во топ-форма.

Понудата од Ал Хилал е одбиена за јануари, но Бруно им порачал на арапските газди дека сериозно би ја разгледал оваа опција во текот на летото, по завршувањето на мундијалскиот настап. Тој ќе има 32 години и e свесен дека со еден потпис може да заработи и до 100 милиони евра, нешто што е невозможно доколку остане во Јунајтед.

Се вчитува...