Бруно Фернандеш: Севилја имаше лудо добар голман!

Манчестер Јунајтед не успеа да обезбеди пласман во финалето на Лигата на Европа. Иако имаше водство од деветтата минута по реализираниот пенал на Бруно Фернандеш, сепак, со неколку грешки во одбраната, но и нереализирани шанси во нападот, дозволи Севилја да направи комплетен пресврт.

Португалскиот интернационалец не може да се помири со поразот, вели Манчестер Јунајтед бил многу подобар противник, а голманот Боно ја извлекол Севилја и ја одвел во финалето.

„Бевме подобри, многу подобри. Но, тоа некогаш не е доволно. Ние постигнавме само еден гол, а примивме – два. Тие имаа лудо добар голман. Едноставно ги скроти сите наши шутеви. Не можам да верувам, но ние загубивме“, изјави Бруно Фернандеш.

Се вчитува...