Бруно Лабадија нов тренер на Херта

Германскиот бундеслигаш Херта го ангажираше Бруно Лабадија за нов тренер. Раководството на клубот договори двегодишна соработка со поранешниот германски репрезентативец, Тимот од Берлин беше без шеф на стручен штаб откако Јирген Клинсман одлучи да го напушти кормилото поради несогласувања со управата.

Лабадија ќе почне со работа веднаш, а Херта ќе се врати на тренинзи во базата иако со контролирано групирање на фудбалерите.

Лабадија како тренер работеше во Дармштат, Гројтер Фурт, Баер Леверкузен, Хамбургер, Штутгарт и во Волфсбург.

Херта се наоѓа на 13.позиција на табелата во Бундес-лигата, а по рестартирањето на шампионатот останува да се доиграат уште девет кола.

 

Се вчитува...