Брутален нокаут каков ретко се гледа: Нгану го патосираше Стипе Миочиќ за УФЦ-титула (ВИДЕО)

Францис Нгану е нов УФЦ-шампион во тешка категорија откако тешко го нокаутираше Хрватот Стипе Миочиќ во втората рунда на УФЦ 260.

Миочиќ загуби со страшен нокаут кој ќе остане запаметен во историјата на овој спорт.

Од самиот почеток Камерунецот доминираше во борбата, делуваше далеку поподготвено и на крајот сето тоа се ефектуираше со невиден нокаут.

По нокаутот, Миочиќ итно беше префрлен во болница не можејќи да дојде и на задолжителната прес-конференција. Но, потоа од болницата неговата сопруга објави информација дека Стипе е добар и набрзо ќе се опорави.

Се вчитува...